Трауми поради заминувањето на мајката: Дајана ја чекаше на прагот, но таа никогаш не се врати!

Profimedia
Profimedia

Помладиот брат на никогаш прежалената принцеза поминал со неа низ еден од најтешките периоди во животот. Откако нивната мајка го напуштила семејството, по две децении терапија, грофот Чарлс Спенсер им се отворил на британските медиуми за тоа искуство.

профимедиа

Принцезата Дајана и нејзиниот брат Чарлс Спенсер (56) поминале низ тежок период откако нивните родители се развеле. Во најновото интервју кое што братот на Дајана го даде за британските медиуми, проговори за болката што ја доживеале тој и неговата сестра кога нивниот татко Џон Спенсер и неговата прва сопруга Францис, се развеле во 1969 година.

Дајана тешко го поднела разводот на родителите

Принцезата Дијана со нејзиниот брат/Instagram

„Јас и Дајана имавме две постари сестри кои одеа на училиште, па ние двајца бевме заедно во тоа и разговарав со неа – рекол Чарлс, деветтиот гроф Спенсер. Но, не само разводот ги погодил Дајана и брат ѝ, туку и односот што го имале со родителите“, поточно со мајката.

„Нашиот татко беше тивок и константен извор на љубов, но нашата мајка не беше создадена за мајчинство. Не е таа виновна, таа не беше способна за тоа. Додека ги пакуваше своите работи за да замине, ѝ вети на Дијана (која тогаш имаше пет години) дека ќе се врати да ја види. Дајана ја чекаше на куќниот праг, но таа никогаш не дојде“, ја опишал една од најголемите трауми која неговата сестра ја доживеала како дете.

Фото: Профимедиа

И во претходните разговори на оваа тема, Чарлс Спенсер рекол дека разводот на неговите родители „тешко ѝ паднал на Дајана“.

За да се справи со напуштањето од страна на мајка им, грофот Спенсер признал дека оди на терапија 20 години, и таму „работи многу длабоко на своето несреќно детство“. Тоа работење го нарекол „болно и ужасно“, но резултатите се катарзични.

Фото: Инстаграм

„Да се ​​премине на другата страна е многу добро. Едно нешто што научив од своето искуство е дека малку луѓе по природа се деструктивни“, рекол тој. Чарлс бил во брак три пати, а татко е на седум деца. Тој тврди дека поради неговата траума од детството, се родила потреба да спасува луѓе. Кога ја запознал претприемачката Карен, со која се оженил во 2011 година, неговата свест се сменила.

„Брзо се свршивме и сигурен сум дека луѓето помислија – еве го повторно. Но, јас бев сигурен“, рекол тој за неговата последна сопруга. Појаснил дека токму Карен го извела на вистинскиот пат и му помогнала да се справи со оваа траума.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот