13 C
Скопје

Трауми кои ќе ги паметам додека да заминам на оној свет: Соседите ни се закануваат дека ќе не убијат, зашто моето дете има аутизам!

Со клоци и тупаници вчеравечер соседот на Ирена Николовска Ристановска од Битола, удирал на вратата од нејзиниот стан извикувајќи дека ќе ја убие и неа и нејзиното деветгодишно дете Лука, кое што има аутизам. Голготата на оваа мајка трае со години, а правна завршница нема, ниту во обвинителството, ниту по приватна тужба.

Сѐ се завршува со полициски записник и понатаму институциите не реагираат на очигледното дискриминирање од страна на соседот кон детето кое што има посебни потреби. Поплаките се секогаш дека Лука е гласен, дека скока, дека игра со возот на подот од собата и дека тоа им пречи на двајцата соседи кои потоа доаѓаат на вратата од семејниот стан и со закани, агресија и тешки зборови го прават животот на ова семејство неподнослив.

Голготата почнала месец и половина откако семејството Ристановски се вселило во станот.

– Првпат кога се качиле кај нас, јас и сопругот бевме излезени, а мајка ми и татко ми ги чувале децата. Наредната вечер исто така дојдоа, им пречело што Лука си играл на подот со возот. Начинот на кој ни кажаа колку тоа ним им пречи беше толку страшен, што ќе се сеќавам на него и кога ќе заминувам на оној свет. Трескаат на вратата, со нозе, со клоци, велат ,,ќе ве убијам”. Го снимив тоа со мобилен телефон, викнав полиција, истата вечер инспектор излезе на терен и ни рекоа дека ќе има разрешница зашто случајот го презел обвинителството бидејќи имавме докази. Оттогаш, тие нам 16 пати ни викаа полиција и секој пат тоа завршуваше со лажно пријавување, односно полицијата секој пат констатираше друга состојба од онаа што ја пријавуваа тие. Полицијата секогаш наоѓаше типична семејна атмосфера кај нас дома. Лука тропал, плачел и тоа ги вознемирувало. Не велам дека Лука е мирно дете, но не е хиперактивен затоа што е на безглутенска исхрана и не трча веќе како првите денови. Се случува да го ставиме в автомобил и да го вртиме по цела Битола, само зашто ни е страв од реакцијата на двајцата соседи, раскажува расплакано и вознемирено мајката за „Слободен печат“.

Прочитајте и...  ЈКП Сарај: Не е точно дека некој краде опрема од езерото Треска

Првиот пат кога случајот влегол во обвинителството, мистериозно се затворил и тоа без мајката воопшто да добие и известување. Затоа, на Ристановска и преостанало само да ги тужи соседите приватно, но на ниедно рочиште досега не се појавиле.

– Во меѓувреме нашиот живот е комплетно неподнослив. Нам ни е забрането да дишеме. Синоќа повторно дојдоа на врата со тропање, со клоци, со тешки зборови, закани по живот, срцето ни е в петици. За моите две деца ова е трауматско искуство, мајка ми е вознемирена исто така. Викаа на сиот глас, дека ќе не убијат, а моите деца прашуваат што значи тоа. И што да им кажам? Го нарекуваат Лука ,,тоа менталното”. Јас навистина сакам да си заминам од оваа држава која многу ја сакам, но не можам да живеам во ваков правен систем. Полицијата стигна за 20 минути, ја слушна приказната и отидоа кај нив на врата и не сакаа да им отворат! Не покажаа авторитет. Буквално им ја лупнаа вратата пред нос и не сакаа да им дадат лична карта. Ова прави невиден регрес во развојот на Лука, кој поради вакви стресови може повторно да го загуби говорот. Нашиот мир е нарушен, ние сме во постојан стрес. Поминувам во ходник во зградата и едниот од нив ме нарече кучка. Јас трпам, трпам но не се издржува. Сокриени му се сите играчки на Лука, кај нас дома нема топка, не смееме да дишеме од овие двајца соседи, додава вознемирената мајка, инаку психолог по професија.

Прочитајте и...  Продолжи изградбата на „Северен поток 2“

Утринава таа го добила записникот од синоќешниот инцидент што се случил на вратата од нејзиниот стан и во него пишувало дека имало тропање, викање од соседите кое не се случува првпат, дека полицијата се обидела да разговара со соседите, но дека не наишле на разбирање.

– И толку. Се надевам дека ќе станеме свесни дека има поинакви луѓе од нас и да бидеме емпатични. Во цела Европа има закон за колективно домување и да се прилагодиме малку на нас. Ние навистина се трудиме и самите знаеме да го смириме детето за десетина минути. А не вака да живееме во страв и тензија дека ќе ми се качи соседот што навистина многу не вознемирува поради агресивноста, вели Николовска Ристановска.

Прочитајте и...  Петар Атанасов: Не може да се „укине“ историјата без да се праша Катедрата за историја

Поради односот на соседот, семејството дури и се иселило привремено од станот кој треба да го отплаќа наредните 30 години. Седум месеци живелее на друго место. Откако обвинителството го затворило случајот, во решението пишувало дека Лука не бил свесен што се случува во моментите кога соседот агресивно настапил, а потоа било додадено дека се сака да се избегне негово трауматизирање со евентуалното појавување во судница.

Ваквите сцени стануваат се почести за ова семејство во Битола, ги изложува и децата на стрес и непријатности и го попречува нормалното функционирање.

– Има ли закон во нашата држава, има ли одговорни да го забрзаат овој процес? Повторно полицијата направи записник и повторно тие не отвораат врата. Тешко на тој што има мака. Солзите и траумите на моите деца нема цена која може да ги исплати. Верувајте нема. Овој систем ги руши рекордите во нефункционалност. Покрај домот и сигурноста во него, и околината е местото каде децата е потребно да се чувствуваат сигурно и прифатено. Тоа ни е одземено оддеднаш со овој случај. Ако не можат да се справат со нив, нека ни дадат стан друг. Можат и да дадат налог до обвинителството, апелира мајката.

Поврзани вести

ВИДЕО: Руската младина тотално „откачи“ на Тик Ток поради палатата на Путин: Објавата на Навални предизвика вистиска виртуелна треска

Илинка Иљоска

Од кандидат за премиер до наследник на Иџет Мемети: Насер Зибери избран за народен правобранител

Слободен печат

Димитров и Османи останаа без конкретен датум: Македонија не доби рок од Европската Комисија за анти-ковид вакцините

Слободен печат

Началник на клиника сексуално вознемирувал неподвижен пациент: Обвинението против докторот од Бања Лука е потврдено

И.И.

Снег и силен ветар ноќеска на Шапка: Се расчистува завеаниот пат низ викенд населбата

Слободен печат

Претседателот на Уставен суд Мурати на средба со Груби: Соодветна и правична застапеност и постоење на единственост во ставот меѓу сите судии како основни и најитни приоритети

Слободен печат

Остави Коментар