Трансфер бомба во најава или шпекулација: Меси за само 50 милиони евра си заминува од Барселона?

EPA-EFE/ANDREU DALMAU

Англискиот таблоид „Сан“ пишува дека Лионел Меси во јануари може да направи трансфер во Манчестер сити и тоа за само 50 милиони евра.

Таблоидот пишува дека Барселона ќе ја прифати понудата на Манчестер сити бидејќи на лето му истекува договорот на Аргентинецот со каталонскиот тим и ќе може да си замине без обесштетување.

Според „Сан“, Меси и понатаму сака да си замине од „Камп Ноу“ иако по заминувањето на Хосеп Марија Бартомеу од претседателската функција, изгледа посреќно. Но, Барселона не ги прикажува игрите кои се очекуваат од неа и моментно е на осмата позиција на табелата со 11. бода, а има и два натпревари помалку од лидерот Реал Сосиедад.

Манчестер сити е главен фаворит за идна станица во кариерата на Меси бидејќи тренер е Пеп Гвардиола, а во директор е Чики Бегиристајн кој во минатото беше дел од управата на Барселона. Таблоидот потенцира дека понудата од 50-тина милиони евра би била доволна за Барселона да ја прифати.

Но, шпанските медиуми тврдат дека ова е уште една приказна на „Сан“ која нема да се реализира и уште еднаш ќе се потврди дека англискиот таблоид е далеку од вистината.

Имено, и двајцата главни фаворити на претседателските избори, Виктор Фонт и Жоан Лапорта го гледаат Меси како главна фигура во нивните проекти и ќе сторат се за тој да остане.

Фонт планира во управата да ги постави клупските легенди како Карлес Пујол, Андрес Иниеста и Жорди Кројф, додека на клупата треба да седне Чави Ернандез. Сите овие поранешни играчи се одлични пријатели со Меси и заедно доминираа во европскиот фудбал.

Жоан Лапорта од друга страна беше претседател на Барселона од 2003 до 2010 година, во времето кога Меси дебитираше во првиот тим, и најавува дека ќе се обиде да го врати Пеп Гвардиола на клупата што е адут за Аргентинецот да остане на „Камп Ноу“.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот