Трамп со порака до Минесота сред масовните протести: „Не плашете се, доаѓа денот на одмазда!“
Пред да отпатува за Детроит, американскиот претседател Доналд Трамп им се обрати на луѓето од Минесота, велејќи им „ да не се плашат“, бидејќи „денот на пресметка и на одмазда се приближува“ за државата Северна ѕвезда (Минесота).
Препорачано
Во објава на „Трут сошал“, претседателот ги критикуваше тековните протести против федералните имиграциони агенти во Минеаполис, по фаталното пукање на Рени Никол Гуд минатата недела.
„Дали луѓето од Минесота навистина сакаат да живеат во заедница во која има илјадници веќе осудени убијци, дилери на дрога и зависници, силувачи, насилни ослободени и избегаани затвореници? Сѐ што „патриотите на ИЦЕ (Службата за имиграција и царина) сакаат да направат е да ги отстранат од вашиот кварт и да ги вратат назад во затворите и психијатриските установи од каде што доаѓаат, најмногу од странски земји кои нелегално влегле во САД преку ужасната политика на отворени граници на Заспаниот Џо Бајден. Секој пат каде што одиме, криминалот паѓа. Во Чикаго, иако слаб и неспособен гувернер и градоначалник ни се спротивставуваа цело време, беше направен голем напредок. Илјадници криминалци беа отстранети. Демократите од Минесота ја обожаваат нестабилноста што ја предизвикуваат анархистите и професионалните провокатори бидејќи тоа го одвлекува вниманието од 19-те милијарди долари што беа украдени од навистина лоши и изопачени луѓе. Не плашете се, големи луѓе на Минесота, доаѓа ден на пресметка и одмазда!,“ напиша тој во објавата.
За потсетување, Минесота и Илиноис одделно поднесоа тужби вчера против администрацијата на Трамп, тврдејќи дека репресијата на претседателот против имиграцијата ги тероризира нивните заедници и го крши Уставот.
– Со ужас гледавме како неконтролирани федерални агенти агресивно ги напаѓаат и ги тероризираат нашите заедници и населби во Илиноис, поткопувајќи ги уставните права и загрозувајќи ја јавната безбедност – рече гувернерот на Илиноис, Џеј Би Прицкер.
ВИДЕО: Имиграциски агент уби возач во Минеаполис – инцидентот предизвика хаос во градот
Активностите во Чикаго, Минеаполис и во Сент Пол, исто така, беа вклучени во дел од тужбите против администрацијата на Трамп.
Федералната влада ги засили операциите во Чикаго и во градовите близнаци, двата демократски упоришта, во текот на есента, а локалните власти ги критикуваа за сеење хаос и конфузија.
И Минесота и Илиноис бараат забрана за имиграциските операции во нивните држави.
Тужбите се поднесени против Министерството за внатрешна безбедност и против секретарката Кристи Ноем, како и против агенциите за известување, вклучувајќи ги ИЦЕ, Царинската и гранична заштита на САД и Граничната патрола на САД.
ВИДЕО: Имиграциски агент уби возач во Минеаполис – инцидентот предизвика хаос во градот


