Трамп со критика до поранешниот претседател Џорџ Буш Помладиот

– Го немаше никаде да се јави и да каже нешто против најголемата измислица во американската историја, напиша претседателот во порака на Твитер.

Претседателот на САД, Доналд Трамп, синоќа упати критики до поранешниот американски претседател Џорџ Буш Помладиот, откако тој повика за обединување на двете партии, демократската и републиканската, во борбата против коронавирусот.

– Ајде да се потсетиме колку се мали нашите несогласувања во лицето на оваа општа закана, изјава Буш во видео објавено на Твитер.

Тој повика да не се партизира кризата бидејќи „луѓето подеднакво се ранливи и подеднакво се прекрасни во лицето на Господ. Се качуваме или паѓаме заедно, но ние несомнено се качуваме”.

Во соопштение на Твитер синоќа, Трамп го осуди Буш бидејќи тој не изразил поддршка за време на неговиот судски процес за импичмент, кој заврши на почетокот на годината.

– Го немаше никаде да се јави и да каже нешто против најголемата измислица во американската историја, напиша претседателот во порака на Твитер.

Претставничкиот дом на американскиот Конгрес изгласа отповикување на Трамп лани в декември обвинувајќи го за обид за поткуп на Украина за да се изврши истрага за негов политички ривал. Во февруари, Сенатот донесе одлука Трамп да биде ослободен од обвиненијата.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот