Tрамп: Шпанија е губитник, многу е непријателски настроена кон НАТО
Претседателот на САД, Доналд Трамп, повторно остро ги критикуваше Шпанија и Обединетото Кралство.
Препорачано
Во интервју за Њујорк пост, Трамп посочи дека „имаме многу победници, но Шпанија е губитник, а Обединетото Кралство ме разочара многу“.
„Шпанија е многу непријателски настроена кон НАТО. Тие не го плаќаат својот дел. Тие беа единствените што гласаа против обврската за издвојување на 5 проценти и се многу непријателски настроени кон сите“, посочи тој, осврнувајќи се на обврската на членовите на алијансата да издвојуваат 5 отсто од нивниот БДП за одбрана.
„Тие не се тимски играч, а ние нема да бидеме тимски играч ниту со Шпанија“, додаде тој.
Трамп ѝ се налути на Шпанија, целосно ги прекинува трговските односи
Прашан за извештајот на британскиот Телеграф, според кој тој го нарекол Стармер „губитник“ во приватни разговори, Трамп беше директен.
„Па, не е Винстон Черчил, да го кажеме тоа така“, рече Трамп, повторувајќи ја споредбата што ја направи претходно оваа недела.
Трамп наводно е фрустриран од првичната одлука на Стармер да не дозволи користење на британски воени бази во американско-израелската кампања за бомбардирање на Иран.
„Беше многу разочарувачки неговиот настап, кога станува збор за нашиот масовен напад врз непријателска земја. Требаше да ни даде работи како бази што можеме да ги користиме без прашање или двоумење“, тврди тој.
Американскиот претседател додаде дека е изненаден од одбивањето на Стармер да соработува со Пентагон, со оглед на блискиот сојуз меѓу САД и Обединетото Кралство.
„Треба да можеме да сметаме на нив. Бев многу изненаден од Кир. Многу разочаран“, заклучи тој.


