Трамп осуден за сексуален напад, мора да ѝ плати пет милиони долари на жртвата

EPA-EFE
Доналд Трамп, поранешен претседател на САД / Фото: EPA-EFE/Oliver Contreras / POOL

Поранешниот американски претседател Доналд Трамп денеска е прогласен за виновен за сексуален напад врз новинарката и писателка Е.Џин Керол, која против него поднесе граѓанска тужба.

Поротата во судот во Њујорк, составена од шестмина мажи и три жени, нареди Трамп да ѝ плати на жртвата отштета од пет милиони долари, пренесува „Гардијан“. Во пресудата, поранешниот претседател на САД законски е прогласен за „сексуален предатор“.

Трамп негираше дека ја силувал писателката во средината на 90-тите во продавница на Менхетн. Околу три милиони долари отштета ѝ се доделени на Керол за сексуалното малтретирање, а речиси три милиони – за клеветите од Трамп, за тоа што тој ја нарекуваше жртвата „лажливка“ и нејзините обвинувања „измамничка работа“.

Со оглед на тоа дека пресудата е донесена во граѓанска тужба, поранешниот претседател нема да оди во затвор, а реперкусиите се исклучиво финансиски. Но, пресудата може да има големо влијание врз намерата на Трамп да биде републикански кандидат на следните претседателски избори во земјата во ноември 2024 година.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот