Доналд Трамп / EPA-EFE/ALEXANDER DRAGO / POOL

Трамп оптимист: Разговорите на САД со Иран одат многу добро

Американскиот претседател Доналд Трамп во неделата увери дека тековните разговори меѓу САД и Иран за нуклеарната програма на Исламската Република се „многу добри“.

„Имавме многу, многу добри разговори со Иран“, им рече Трамп на новинарите во Њу Џерси пред да се качи на Ер Форс Уан и да се врати во Вашингтон.

„И не знам дали ќе објавиме нешто добро или нешто лошо во следните неколку дена, но имам чувство дека ќе биде нешто добро. Направивме вистински напредок, сериозен напредок“, додаде тој.

Петтата рунда индиректни преговори со посредство на Оман се одржа во петокот во Рим.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот