Трамп ќе гради најголема триумфална капија во светот
Најголема триумфална капија во светот која ќе биде изградена во Вашингтон е дел од плановите на администрацијата на американскиот претседател Доналд Трамп кои ги презентираа вчера, објавија американските медиуми.
Препорачано
-Воодушевен сум што можам да објавам дека денес мојата администрација официјално поднесе презентација и планови до високо почитуваната Национална комисија за ликовни уметности за она што ќе биде најдобрата и најубавата триумфална капија во светот. Тоа ќе биде прекрасен додаток на областа Вашингтон, во кој сите Американци ќе можат да уживаат во децениите што доаѓаат!- напиша Трамп на својата платформа Truth Social.
Се очекува капијата да биде висока 250 стапки и да стане најголемиот споменик од ваков вид во светот.
Планот беше доставен до Националната комисија за ликовни уметности, чии членови беа назначени од Доналд Трамп. Според плановите, на врвот на споменикот треба да се најдат три златни статуи со натписи со златни букви „Една нација под Бога“ и „Слобода и правда за сите“.
Доналд Трамп изгради огромна сала за бал во Белата куќа за до 1.000 луѓе за разни приеми, а го преименува и Центарот Кенеди во Центар Трамп Кенеди. Американскиот претседател, исто така, доби одобрение да кова комеморативна златна монета со неговиот лик.


