Трамп: Ирански патриоти, продолжете со протестите и запишете ги имињата на убијците, тие скапо ќе платат
Американскиот претседател Доналд Трамп тврди дека ги откажал сите состаноци со ирански официјални претставници „сè додека не престане бесмисленото убивање на демонстрантите“.
Американскиот претседател Доналд Трамп им порача на иранските демонстранти да продолжат со протестите и се закани дека „убијците и насилниците во Иран ќе платат висока цена“.
Препорачано
„Ирански патриоти, продолжете со протестите – преземете ги вашите институции. Запишете ги имињата на убијците и насилниците. Тие ќе платат висока цена. Ги откажав сите состаноци со ирански официјални претставници сè додека не престане бесмисленото убивање на демонстрантите. Помошта е на пат. Направете го Иран повторно голем!,“ напиша тој во својата објава на платформата „Трут сошал“.
Претходно денеска иранскиот министер за надворешни работи, Абас Арагчи, денес изјави дека „Исламската Република Иран е подготвена доколку САД“ одлучат да започнат воена акција против земјата.
Тензиите помеѓу САД и Техеран ексалираат откако во Иран започнаа масовни протести против режимот.
Според достапните податоци, досега во протестите во Иран се убиени повеќе од 650 луѓе, а повеќе од 10.000 се уапсени.
Иранските власти се подготвуваат да ја извршат првата егзекуција поврзана со масовните антивладини протести што ја потресуваат земјата со недели. Ерфан Солтани, 26-годишно момче на градот Фардис, предградие на Карај, во близина на Техеран, е осуден на смрт.
Тој беше обвинет за „водење војна против Бога“, кривично дело казниво со смрт според иранскиот закон.
Кој е Ерфан Солтани, првиот Иранец кој може да биде погубен поради протестите против Хамнеи?


