Доналд Трамп со малезискиот премиер на состанокот на АСЕАН/Фото: Vincent Thian / AFP / Profimedia

Трамп е оптимист за договор со Пекинг, најави средби во Кина и САД

Американскиот претседател Доналд Трамп во неделата нагласи дека е оптимист во врска со постигнувањето трговски договор со Пекинг и дека очекува да има средби во Кина и САД, објави Ројтерс.

„Мислам дека ќе постигнеме договор со Кина“, им рече Трамп на новинарите на почетокот од разговорите со бразилскиот претседател.

„Ќе се сретнеме со нив подоцна во Кина и ќе се сретнеме со нив во Соединетите Држави, или во Вашингтон или во Мар-а-Лаго.“

Американскиот претседател додаде дека би можел да постигне некои договори за време на средбата со бразилскиот претседател Луиз Инасио Лула да Силва.

Лула рече дека не гледа причина за конфликт меѓу Бразил и САД.

Изјавите на двајцата лидери беа дадени пред нивната средба на маргините на самитот на Асоцијацијата на земјите од Југоисточна Азија (АСЕАН) што се одржува денес во Куала Лумпур.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот