Трамп: Да не бев ЈАС, бројот на жртви на Бахамите ќе беше многу поголем

Американскиот претседател Донал Трамп рекол дека бројот на жртви од ураганот Доријан на Бахамите ќе бил многу поголем да не била неговата помош.

Трамп се заблагодарил на премиерот на Бахамите Ибер Минис за неговите „прекрасни зборови“ дека без помошта на САД и американскиот претседател, бројот на жртвите би бил многу поголем.

Лидерите на Бахамите веруваат дека стотина, а може и илјада луѓе исчезнале, додека официјалниот број на жртви се уште е 43.

При силниот ураган некои делови на Бахамите се потполно срамнети со земја, а некои исчезнале под морето.

Доријан ги погодил Бахамите како ураган од петта категорија со брзина на ветерот до 185 километри на час.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот