Трамп: Ако не се договориме со Иран… една наша флота оди таму, можеби и уште една
Американскиот претседател Доналд Трамп во вторникот изјави дека размислува да испрати уште една ударна група со носач на авиони на Блискиот Исток, како подготовка за можни воени дејства доколку пропаднат преговорите со Иран, објави „Аксиос“.
Препорачано
САД и Иран минатиот петок ги обновија преговорите во Оман, првпат по 12-дневната војна во јуни, но паралелно Трамп нареди значително воено засилување во Заливот.
„Или ќе постигнеме договор, или ќе мора да направиме нешто многу тешко, како и минатиот пат“, изјави Трамп за „Аксиос“.
Трамп рече дека очекува втората рунда разговори меѓу САД и Иран да се одржи следната недела.
„Имаме флота што се движи таму и можно е да оди уште една“, рече Трамп, додавајќи дека „размислува за испраќање уште една ударна група со носач на авиони“.
Иран не бара војна, целта на економскиот притисок е да се оцрни владата, тврди Пезешкијан
Американски функционер потврди дека навистина имало разговори за можноста за испраќање втор носач на авиони во регионот. Тоа би било дополнително на веќе присутната ударна група предводена од носачот „УСC Абрахам Линколн“, која вклучува борбени авиони, ракети „Томахавк“ и повеќе бродови.
САД имаа два носачи во регионот во поголем дел од војната во Газа.
Сепак, Трамп изрази оптимизам дека дипломатскиот пат може да даде резултат, тврдејќи дека Иран „многу сака да постигне договор“ и дека сега настапува посериозно отколку во претходните преговори, токму поради воениот притисок.
„Минатиот пат не веруваа дека ќе го направам тоа. Претеруваа со потезите. Овој пат разговорите се многу поинакви“, рече Трамп, алудирајќи на одлуката во јуни да бидат погодени ирански нуклеарни објекти.
Техеран јавно порачува дека нема намера да преговара за прашања надвор од нуклеарната програма и дека не планира да се откаже од правото на збогатување ураниум. Ваквиот став ги зајакна скептичните кругови во Вашингтон и во Израел, кои сметаат дека е тешко остварлив сеопфатен договор и дека САД треба да ја држат отворена и воената опција.
Трамп, пак, вели дека секој евентуален договор мора да ја опфати нуклеарната програма на Иран, но дека, според него, во пакетот треба да влезат и иранските балистички ракети, изразувајќи уверување дека е можен „добар договор“.
Во ваков контекст, израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху пристигнува во Вашингтон со поизразен скептицизам кон шансите за „голем договор“, иако Трамп тврди дека израелскиот лидер, исто така, сака договор, доколку тој е „добар“.
Во меѓувреме, дипломатските контакти продолжуваат преку посредниците Оман и Катар.
Иран може да ја намали стапката на збогатување на ураниум во замена за ублажување на санкциите


