Трајче Заев: Комбето не е сопственост на фирма на Заеви, никој од уапсените не е вработен во фирма на Заеви

Споменатото комбе од акцијата на МВР не е сопственост на фирма на Заеви. Ниеден од уапсените не е вработен во ниедна фирма на Заеви, напиша денеска на својот фексбук профил братучедот на Зоран Заев, Трајче Заев, во врска со обвинувањата на ВМРО-ДПМНЕ, за негова поврзаност со акцијата на МВР во која беше запленета голема количина на марихуана.

– Два дена по ред следам како еден политички субјект исклучиво заради сопствени политички цели се обидува да го извалка моето име и името на компаниите во сопственост на Заеви. За да биде јасно на целата македонска јавност, а посебно да се знае за злонамерната цел на политичката партија ВМРО-ДПМНЕ, сакам да го објавам следното: Споменатото комбе од акцијата на МВР не е сопственост на фирма на Заеви. Ниеден од уапсените не е вработен во ниедна фирма на Заеви, пишува Трајче Заев.

Тој додава дека е на службено патување од 23 март во Обединетите Арапски Емирати, со цел проширување на работата на нашите компании, отварање на нови пазари за домашни македонски производи и стекнување на нови партнери за соработка.

ВМРО-ДПМНЕ: Дали Трајче Заев избегал во Дубаи?

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот