Трајанов: Идејата за широка влада ќе пропадне, Ковачевски да поднесе оставка

Подолго време промовираме и се залагаме за формирање на коалициска влада, поддржана од сите парламентарни партии, при што ќе се почитува уставното начело за соодветна и правична застапеност на сите етнички заедници, соопшти Демократски сојуз. Дпоред партијата  на Павле Трајанов, мотивот за ваква влада е да се заштитат стратешките и национални интереси на државата, демократизацијата, владење на правото и унитарниот карактер на државата.

ДС смета дека во оваа насока, коалициската влада треба да направи темелни реформи и тоа:

„Да донесе нов Устав, бидејќи постојниот го гуши демократскиот развој на државата и наместо граѓански концепт воспоставува поделби по етничка основа, партизација и блокада на институциите и владеење на правото.

Длабоки и суштински реформи на правосудниот систем кој е некредибилен, партизиран и корумпиран, без системски решенија за одговорност за тие што ги кршат законите.

Изградба на заокружен и ефикасен систем за борба против тешките облици на криминал, кој ги разорува институците,создава социјални разлики и го кочи развојот на државата. Во последните 20 години одлеани се над десет милијарди евра во странство од неколку поединци и компании, без да понесат одговорност и имотот да им се конфискува.

Коренити реформи во јавната администрација, преку намалување на бројот на пратеници (од 120 на 90), намалување на бројот на министерствата (не повеќе од 12), укинување на бројните паралелни институции, како што се агенции, дирекции, регулаторни тела итн.

Создавање услови за младите да имаат можности да отворат бизнис и останат во Македонија.

Во суштина, спроведување на реформи за да се имплементираат стандардите на ЕУ, клучни за подобар живот и благосостојба за сите. Оваа идеја, СДСМ со наводната понуда за вклучување на опозицијата во Владата, ја злоупотреби и во целост ја искомпромитира“, смета Демократски сојуз.

Според ДС, се работи за неискрен пристап и класична манипулација, сѐ со цел да ја избегне одговоронста од колапсот на евроинтеграциските процеси и огромното незадоволство на граѓаните од вкупните состојби и обидот за промена на Уставот под диктат на Бугарија, без да се обезбедат реципроцитет и гаранции за македонскиот идентитет, билатералните прашања наметнати од Бугарија да не можат да се користат за нови блокади и целосна имплементација на одлуките на Судот во Стазбур, поврзани со правата на здружување на Македонците во Бугарија.

„Според инфомациите и проценките на Демократскиот сојуз, идејата за широка коалициска влада ќе доживе колапс поради што Владата треба да поднесе оставка и да се одржат предвремени парламентарни избори. Инаку, доколку Димитар Ковачевски имаше сериозен пристап, досега требаше да поднесе оставка и да започне постaпка за избор на нова влада“, велат од ДС.

 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот