Трагедија во Кочани, жена се задуши во пожар во својот дом

Фото: МИА/илустрација

Во пожар што претпладнево избувна во семејна куќа во кочанската населба Оризари настрада повозрасна жена, а објектот е целосно оштетен.

Пожарникарите од Територијалната противпожарна единица од Кочани веднаш по дојавата за огнот пристигнале на местото и почнале интервенција за гаснење со три возила и петмина пожарникари.

– Нешто пред 10 часот добивме повик за пожар на куќа на улицата Љупчо Сантов во Оризари и излеговме на терен. При интервенцијата беше констатирано дека има починато едно женско лице на 79-годишна возраст, со изгореници на дел од телото. Со повреди се здоби и еден наш пожарникар. По нешто повеќе од два часа огнот беше изгаснат, а во интервенцијата ни помогнаа и жители на населбата, истакна Драган Апостолов, командир на ТППЕ – Кочани.

Увид на местото на настанот направија полициски службеници од ОВР – Кочани и јавен обвинител. Според првичните сознанија пожарот избувнал поради неисправен оџак, а жената најверојатно починала како последица од задушување со чад.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот