Трагедија во Авганистан: Најмалку седуммина загинати и 70 повредени во судир на два автобуса

Најмалку седум лица загинаа, а 70 се повредени во судир на два автобуса во Авганистан, соопштија денеска тамошните власти.

Несреќата се случи доцна синоќа на автопатот кај Кабул, соопшти авганистанското Министерство за внатрешни работи.

Автобусите се движеле од спротивни насоки, а причината за судирот е непозната.

Повредените лица биле пренесени во болницата.

Сообраќајните несреќи се честа појава во Авганистан поради лошите услови на патиштата и особено поради невнимание на возачите.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот