Трагедија: Романски ватерполист почина за време на натпревар

Илустрација/фото: EPA-EFE/Tamas Kovacs

Романија е обвиена во тага откако мадиот 23-годишен ватерполист, Андреи Драгичи кој настапуваше за Динамо Букурешт, почина за време на натпреварот против градскиот ривал Рапид.

Како што објавуваат романските медиуми, на Драгичи му се слошило за време на втората четвртина кога не можел да се врати во одбрана и останал кај противничкиот гол.

Голманот на Рапид и останатите ватерполисти му помогнале да доплива до работ на базенот по што лекарите на двете екипи се обиделе да му помогнат, но за жал не успеале да го спасат животот на 23-годишниот Драгичи.

– Динамо тагува поради ужасните вести. За време на натпреварот во Суперлигата помеѓу Рапид и Динамо, Адреи се пожали на здравствени проблемми. Едвај стигна до работ на базенот каде беше опкружен од ватерполистите на двете екипи. Лекарите долго време се обидуваа да го реанимираат, но по еден час констатираа смрт. Анреи повеќе од 15 години се занимаваше со спорт и никогаш немал здравствени проблеми. Динамо упатува сочуство до семејството која ќе добие целосна поддршка од клубот – стои во соопштението на Динамо Букурешт.

 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот