Традицијата продолжува, на Водици ќе се фаќа осветениот крст

Фото: EPA PHOTO EPA/Georgi LICOVSKI/gl-fob

Како и секоја година, така и оваа во среда на големиот празник Богојавление Водици ќе биде организирана манифестацијата Фаќање на осветениот крст.

– Манифестацијата ќе се одржи веднаш по утринската Богослужба, а околу 11.30 часот веќе верниците ќе бидат подготвени да го фатат осветениот крст. Предвидени се посебни протоколи поврзани со пандемијата предизвикана од ковид-19, а деталите ќе ги знаеме во текот на денешниот ден, по состанокот со свештениците од црквата Рождество на Пресвета Богородица, рече Отец Сашо од Соборниот храм Св. Климент Охридски.

 

Манифестација по повод одбележување на Водици ќе организира и Општина Кисела Вода.

Општина Кисела Вода упатува јавен повик до сите граѓани кои се заинтересирани за учество во одбележување на празникот „Богојавление – Водици“. Од оваа година, се возобновува традицијата за фрлање на чесниот крст, како дел од прославата на Водици. Настанот ќе се одржи во базенот Расадник”,  во среда, на 19 јануари 2022год. На фрлањето на крстот, закажано за 12 часот, ќе му претходи божествена литургија, велат од Општината.

Заинтересираните треба да се пријават најдоцна до утре, вторник 18.01.2022, до 18 часот, на телефонскиот број 075/309-548 (Далибор). Истите ќе треба да потпишат изјава дека се во добра здравственасостојба.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот