Топ Чанел: Албанската полиција во тајност го следелa камионот до Крушопек

Камионот во која е пронајден дрогата во село Крушопек, Скопско, низ територијата на  Република Албанија поминал под целосно набљудување од албанската полиција –  информираат од Министерството за внатрешни работи на Албанија, пренесува Топ Чанел.

– Во операцијата, која имаше за цел контролирана достава на кокаин, учествуваа и структури од албанската полиција, кои овозможија премин на пратката од Црна Гора, преку албанската територија кон Северна Македонија и таа беше спроведена во услови на целосна безбедност и тајност – информираат од албанската полиција.

Според нив, оваа операција претставува уште еден сериозен ангажман на полицијата во борбата против меѓународниот организиран криминал и доказ плус за довербата на партнерите во оваа борба.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот