Сопствениците на барот „Ле констеласион“ Жак и Џесика Морети/Фото: Fabrice COFFRINI / AFP / Profimedia

„Тоа беше нејзино шоу!“ – Сопствениците на барот во Кран Монтана обвинија келнерка за новогодишната трагедија

Сопствениците на барот во швајцарскиот скијачки центар Кран Монтана, каде што загинаа 40 лица за време на новогодишната прослава, ги обвинија младите вработени за подметнување на пожарот и блокирање на излезите за итни случаи, објави „Дејли Меил“.

Во извештајот од испрашувањето на сопствениците, брачната двојка Жак и Џесика Морети, објавен од „Дејли Меил“, тие негирале своја вина во трагедијата:

„Не сме ние, вината е на други луѓе“.

Францускиот весник „Ле Паризиен“ објавува дека стратегијата на двојката за време на 20-часовното испрашувањебила да ја обвинат 24-годишната келнерка Цијане Панин, која починала во пожарот. Имено, таа била качена на рамената на колега и носела две шишиња шампањ со запалени прскалки.

Келнерката Сијане во тој момент носела кацига и не видела како пламенот од прскалките, односно од пиротехничките средства, го зафатил таванот на барот, кој бил покриен со лесно запалива пена. Пожарот потоа брзо се проширил и епилогот е трагична загуба на 40 млади животи и повеќе од сто повредени.

По ужасната трагедија, на социјалните мрежи се прошири видео од келнерка која носи кацига со логото„Дом Перињон“, држејќи шишиња шампањ со прскалки во рацете, додека диџеј ја носи на рамената.

Зборувајќи за акробатскиот трик со пенливо вино, сопственикот на барот Жак Морети рекол дека тоа било „шоуто на Сијане“.

„Не ѝ забранив. Не ја натерав да обрне внимание на безбедносните упатства, не ја видовме опасноста. Таа обожаваше да го прави тоа. Тоа беше шоу, а Сијане обожаваше да биде дел од него“, им рекол тој на обвинителите.

Неговата сопруга додала:

„Сијане сакаше да носи шишиња, сè правеше по своја слободна волја.“

Џесика рекла дека би го забранила таквото нешто доколку го знаела ризикот.

„За десет години водење на бизнисот, никогаш не помислив дека може да биде опасно“.

Семејството на келнерката, како и сведоци кои го преживеале пожарот, ги негирале нивните тврдења.

Тие рекле дека Џесика Морети ја испратила Сијане со шишиња и ја замолила да изведе каскада со кацига обезбеден од производителот на шампањот „Дом Перињон“.

На сопствениците на барот им е дозволено да се бранат од слобода. Сопругата беше ослободена по првото рочиште, додека Жак помина некое време зад решетки, но во меѓувреме беше ослободен со кауција, што предизвика големо негодување во Швајцарија, која сè уште тагува по жртвите.

 

ВИДЕО | Трагедијата во Кран-Монтана: Очевидци опишуваат кошмар, „стапица на смртта“ и единствен излез за бегство

Идентификувана е најмладата жртва во трагедијата во Кран-Монтана, имала само 14 години

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот