Тим: Ѓоковиќ не ни нареди ништо што треба да правиме

Тим и Ѓоковиќ на Адриа Тур/EPA-EFE/ANDREJ CUKIC

Австрискиот тенисер повторно изјави дека критиките кон Новак Ѓоковиќ и неговата организација на „Адрија тур“ се неправедни.

Доминик Тим настапи на првиот турнир од „Адрија тур“ серијата во Белград и триумфира на него, по што се врати во Австрија, додека останатите тенисери продолжија во Задар каде им се приклучија и хрватските тенисери, Марин Чилиќ и Борна Чориќ, како и Антон Рубљов.

Сепак, турнирот не се доигра бидејќи неколку тенисери, Григор Димитров, Борна Чориќ, Виктор Троицки како и Новак Ѓоковиќ беа позитивни на коронавирус. Поради тоа Ѓоковиќ се најде на удар на светската јавност но и на дел од неговите колеги и колешки.

Тим сега вели дека учеството на хуманитарниот турнир во Белград било грешка, но смета дека Ѓоковиќ со „Адрија тур“ се обидуваше да направи нешто позитивно.

– Не е фер кон Ѓоковиќ бидејќи тој не прекрши ниту еден закон, ниту не тераше да правиме нешто. Ниту еден тенисер не го натера да игра, ниту бараше од тенисерите да имаат интеракција со навивачите. Тоа беше наша одлука. Турнирот беше организиран за добри, хуманитарни цели – вели Тим во инервјуто за Си-Ен-Ен.

Австрискиот тенисер смета дека тој и неговите колеги беа понесени од тоа што повторно играат тенис по тримесечна пауза.
– Очигледно е дека сите погрешија, но тоа сега е минато. Сите кои беа позитивни на ковид-19 сега се здрави, што е добар знак. Но, таму видовме среќни навивачи, радосни деца и заборавивме дека сепак треба да одржуваме социјално растојание, да не се сликаме, да не гушкаме со нив. Тоа беше грешка, сите жалиме за тоа, но во исто време сега се е ОК – додава третиот тенисер на АТП ранг листата.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот