Тиквата има најсложени микроелементи, еве како влијае на нашето здравје!

unsplash

Тиквата е една од најпопуларните есенски намирници, а бидејќи содржи дури 90% вода, богата е со хранливи материи како влакна и минерали, таа е идеална храна за сите оние кои се грижат за својата фигура!

Оваа неправедно занемарена храна е исклучително богата со хранливи материи, во тиквата односот на микроелементи е толку сложен што одлично му одговара на нашето тело како целосна храна.

Содржи калциум, калиум, фосфор, магнезиум, селен, цинк, железо, бета каротен, манган, дел од витаминот Б и витамин Е (особено во семките), а бидејќи е лесно сварлива, може да ја консумираат и лица кои имаат проблеми со варење на храната.

Исто така ја нарекуваат и „чувар“ на простатата заради концентрацијата на селен и цинк, па затоа се препорачува и за повозрасни мажи.

Ја стимулира работата на тироидната жлезда и панкреасот, го зајакнува имунитетот, учествува во детоксикација на организмот, а особено е добра за луѓето кои имаат покачено ниво на холестерол. И има корисен и смирувачки ефект врз нервниот систем.

Бојата на тиквата како и нејзината кора сигерираат дека станува збор за зеленчук што е исклучително богат со бета-каротен.

Тоа е антиоксиданс кој го штити организмот од ефектите на слободните радикали, го чува здравјето на очите и го зајакнува имунитетот.

Оваа храна содржи многу диетални влакна како пектин и целулоза кои го подобруваат варењето и ги смируваат стомачните проблеми, затоа се препорачува и на луѓе кои страдаат од запек и воспаление на дебелото црево.

Семките, содржат 45% маснотии и 25% протеин. Сушени или лесно пржени, може да се коснумираат и како многу здрави и вкусни грицки.

Од тиква можете да подготвите многу јадења од кашички за најмалите до вкусни супи, колачи, џемови, штрудли…

Наш предлог за едноставна и превкусна супа од тиква. Еве ги состојките:

  • 2 главици црвен кромид
  • 1 тиква
  • ¼ од 1л. млеко
  • 50 гр. путер
  • 2 дл. павлака
  • сол, бибер и морско оревче по желба.

Подготовка: Пропржете го ситно исецканиот кромид на путер и додете ја тиквата која претходно сте ја исецкале на коцки. Мешајте десетина минути додека да омекне тиквата, а потоа постепено додавајте 2-3 дл вода. Додадете бибер, сол и морско оревче. Кога ќе зоврие, добро измешајте и додадете го млекото, а кога ќе зоврие го додавате кремот или павлаката и варете уште две минути. Најдобро е, ако имате блендер на крај да ја соедините смесата, но доколку немате вие веќе имате готова супа!

На здравје!

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот