Тиафо: Нашиот проблем не е националноста, Ѓоковиќ, Надал и Федерер се виновни

фото: EPA-EFE/Laurence Griffiths

Американскиот тенисер Френсис Тиафо успешно ја започна сезоната на бетон, а воедно имаше и една многу интересна изјава.

Тиафо се пласираше во осминафиналето на турнирот „Сити опен“ во Вашингтон (САД), победувајќи го Кристофер Јубенкс со 6:3, 7:6(2).

– Нашиот проблем не е ниту националноста, ниту земјата од која доаѓаме, туку Ѓоковиќ, Надал и Федерер. Тие се главната пречка за сите останати играчи, без разлика што ми зборуваат или прават – рече Тиафо.

Колку е во право говори и фактот што Енди Мареј, Новак Ѓоковиќ, Рафаел Надал и Рожер Федерер од 2003 година досега имаат освоено 66 Грен слем титули и единствени во тој период освоиле трофеи на „Вимблдон“.

Тиафо, кој моментално е 27. играч на планетата, во следното коло ќе игра против Ботик ван де Зандшулп.

Последен тенисер од САД кој крена Грен слем трофеј беше Енди Родик во 2003 година, кога триумфираше на УС Опен.

 

Ѓоковиќ се откажа од Мастерсот во Монтреал, Канаѓаните не му дадоа виза

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот