Ѓоковиќ се откажа од Мастерсот во Монтреал, Канаѓаните не му дадоа виза

фото: EPA-EFE/TOLGA AKMEN

Шампионот од Вимблдон, Новак Ѓоковиќ, очекувано нема да учествува на турнирот од мастерс серијата 1000 во Монтреал, Канада.

Организаторот потврди дека Ѓоковиќ нема да биде дел од Мастерсот бидејќи канадските власти не му дадоа виза за влез во земјата поради корона протоколите. Канадската влада исто како и американската, не дозволува влез во земјата на странци што не се вакцинирани против коронавирус.

Ѓоковиќ претходно годинава јавно изјави дека нема намера да се вакцинира против коронавирус дури и доколку таа одлука биде штетна за неговата кариера, односно не може да настапува на дел од турнирите како што сега е случај во Канада и најверојатно во САД. Мастерсот во Монтреал треба да се одржи од 7 до 14 август.

Доколку не дојде до големи промени во последен момент, Ѓоковиќ ќе ги пропушти и останатите два големи турнири во Северна Америка, Мастерсот во Синсинати и последниот годинешен гренд слем турнур, УС Опен.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот