„The Simpsons“ ја предвиде трагедијата со „Титан“? Сценаристот Мајк Рејс се качи на истата подморница минатата година

Фото: Скриншот/Твитер

Американскиот анимиран ситком „The Simpsons“ неретко ја изненадува јавноста со сцени од стари епизоди, кои многу потсетуваат на актуелни случувања во светот.

Трагедијата со подморницата „Титан“, во која починаа сите членови на екипажот, го потресе светот, а многумина сметаат дека „The Simpsons“ ја предвиде и оваа катастрофа.

Во епизодата „Simpson Tide“, прикажана во март 1998 година, ликот Хомер Симпсон добива отказ како безбедносен инспектор во нуклеарна централа затоа што ставил крофна во реакторот. Потоа Хомер го запознава својот одамна изгубен татко Мејсон Фербенкс, кој е ловец на богатство. Двајцата се качуваат на своја подморница, но Хомер се губи, се заглавува на коралниот гребен и почнува да губи кислород.

Многумина ја споредија оваа сцена со Шахзада Давуд и неговиот син Сулејман, кои се качија на подморницата „Титан“.


Но, креаторите на „The Simpsons“ не предвиделе ништо, туку оваа епизода била инспирирана од филмот „Crimson Tide“ (1995). За ова проговори и сценаристот и продуцент Мајк Рајс, кој и самиот седна во подморницата „Титан“ во јули минатата година и отиде во разгледување на потонатиот брод „Титаник“, а своето искуство го сподели откако подморницата исчезна пред три дена.

„Тоа е моја серија, а дури и јас заборавив на постоењето на таа епизода“, изјави Рејс, а пренесе „Њујорк пост“.

„Таа епизода беше инспирирана од филмот ‘Crimson Tide’, кој се емитуваше во киносалите во тоа време. Не ја предвидовме иднината, филмот ни беше инспирација, а ова што се случи две децении подоцна е нешто што наликува на сценариото на таа епизода“, рече Рејс.


Рејс претходно изјави за „Би-би-си“ дека, откако го потпишал документот за патување во подморницата, бил подготвен дека никогаш нема да излезе жив од океанот.

„Смртта секогаш демне, таа секогаш е тука некаде во вашиот ум“, рекол Рејс за патувањето со подморницата, за кое платил 100.000 американски долари.

ВИДЕО | „Симпсонови“ ја предвиделе руската инвазија на Украина уште во 1998 година?

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот