ТФТ никако да го „скрши мразот“, и по пет кола без триумф на Јадранот

Кошаркарите на ТФТ редат порази во АБА 2 лигата/фото: kfsm.mk

Македонскиот кошаркарски клуб ТФТ и Слога Краљево од Србија го отворија петтиот круг од натпреварите во регионалното натпреварување, односно третото коло од „балонот“ во Сараево. Слога Краљево триумфираше во босанскиот главен град со 92:88.

Со доста осцилации, особено резултатски, одиграа двете екипи во првото полувреме. За среќа, многу помалку имаше во играта на нашиот претставник, кој во своите редови имаше тројца одлично расположени играчи. Во првата четвртина која „црно-белите“ ја добија „само“ со 20:17.

Во втората пак истото му појде од рака и на искусниот Костоски, а сето тоа одлично од рекетот го следеше репрезентативецот Николов. Доволно ТФТ во неколку наврати да се одвои на позитива од осум поени, како на пример, оние 41:33 во 18 минута. По 20 минути игра беше 44:39 за тимот од Тафталиџе.

Екипата од Краљево стигна и до своето прво водство, парцијално српскиот тим направи 13:7, во тие шест минути од третата четвртина за 52:51. Но Бишоп, макар и за момент го врати водството на ТФТ, со пет врзани поени (56:54), и тој период од играта, со тројка да го затвори малку „видливиот“ дотогаш Андерсон за 59:56.

Имаше ТФТ и 61:56 по што следуваше голем пад во нивната игра. Оној од Краљево направи нов пресврт, и поведе со највисоки 77:70 во средината на последниот дел. Костоски и Мекбраер најдоа начин со шутеви за три поени, за ТФТ да стигне до нов „минималец“ (86:85). Но, не и до победата, затоа што кога требаше, и премногу му веруваат на шутот за три, за што на крајот беа казнети за петти пораз во пет одиграни кола.

Костоски и Мекбраер беа најефикасни со по 20 поени кај ТФТ, а за српскиот состав 16 коша запиша Симеуновиќ, по 15 Пауновиќ и Андервуд. На табелата ТФТ е на 12 позиција со пет бодови, додека Слога Краљево е на седмата позиција со седум бодови колку што има и шестопласираниот Пелистер.

Пелистер им се врати на победите во АБА 2 лигата

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот