Пелистер им се врати на победите во АБА 2 лигата

Трет триумф на кошаркарите на Пелистер во АБА 2 лигата/фото: kfsm.mk

Денеска славеа кошаркарите на Пелистер во АБА 2 лигата откако на вториот „балон“ во Сараево, Босна и Херцеговина, со 83:71 го совлада Осиек од Хрватска.

Тоа е веќе трета победа за битолчани во ова регионално натпреварување за моментно шесто место со седум бодови, само еден помалку зад водечкиот Хелиос Домжале.

За македонската кошаркарска екипа најефикасен беше босанскиот интернационалец Хаџифејзовиќ со 20 поени (седум скокови, четири асистенции).

На паркетот блескаше уште еден Босанец Врањеш, но на спротивната страна со 22 поени и осум скокови.

– Не би можел да го дефинирам денешниот меч во целост како кошаркарски натпревар, бидејќи имаше трчање, немаше кошарка од некое повисоко ниво. Тоа што е наш проблем од денешниот натпревар ќе оставиме да го разговараме во нашата соблекувална, а сепак сме радосни на победата и покрај ваков лош ден – рече тренерот на КК Пелистер, Марјан Илиевски, по мечот со Осиек.

Следниот дуел Пелистер ќе го има на 27 ноември против Горица од Хрватска која има четири порази.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот