Теута Арифи ги повика партиите на кратка изборна кампања во знак на почит кон 14 -те жртви на 8 септември

Теута Арифи / Фото: Архива на Слободен печат

Во знак на почит кон 14 -те жртви на 8 септември, кои починаа по големиот пожар во модуларната болница во тетовската клиничка болница, градоначалничката на Тетово, Тетута Арифи ги повика политичките партии да спроведат кратка изборна кампања за локалните избори на 17 октомври.

-Како градоначалник и кандидат за градоначалник на Тетово, ги поканувам сите политички партии да го потпишат овој меморандум за разбирање, за кратка изборна кампања во знак на почит кон 14 -те жртви на 8 септември – се вели меѓудругото на меморадумот на Арифи упатен до политичките парти кои ќе настапат во трката за градоначалничката фотелја за Тетово.

Министерот и заменик-министер за здравство, Венко Филипе и Илир Хасани, генералниот и економскиот директор на Општата болница во Тетово, Флорин Бесими и Артан Етеми, поради морална одговорност од трагичниот настан од 8 септември, поднесоа оставки од функциите. На 8 септември, 14 лица го загубија животот во Тетово како резултат на пожарот што ја зафати ковид модуларната болница во Тетово.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот