Тетовските пожарникари со стара опрема и таа што ја добиваат донирана, а опслужуваат 6 општини

Фото: Слободен печат

Тетовските пожарникари освен во Тетово гасат пожари и во останатите пет рурални општини, каде се справуваат и со природни кастастрофи.

Но, откако е формирана, единицата кубури со вработени, но и со опрема, таа што ја имаат претежно е донирана од печалбарите. Во единицата, недостасуваат и педесетина пожарникари.

„Ние опслужуваме 5 рурални општини, а вработени сме 76 пожарникари, и 20 пожарникари ни се со договори на дело, а според бројот на жители, треба да имаме над 150 пожарникари. Малку сега е подобрена состојбата, имаме донации од УНДП, како и други странски донации, но исто така многу ни помагаат печалбарите. Но, тоа не е доволно оти нашата опрема при секоја интервенција се амортизира. Ни требаат и помали возила, за да поминуваме низ тесните улици. Очекуваме сега некоја донација од печалбарите, да ни донесат помали возила, за по тесните улици. 36 километри ни е најоддалечена општина од нашата единица која треба да ја опслужиме, а го имаме тука и огромниот Шарпалнински масив, каде имаме непристапни терени и ова ни претставува голем проблем, затоа ни е потребно што повеќе опрема и повеќе врабтени“, вели Авни Амети командир на ТППЕ Тетово.

Противпожарната единица освен со пожари се справува и со природни катастрофи. Ние помагаме и се координираме со институциите за ерозии, поплави и слично, но, кога пламените јазици ја голтаат Шара, другите институции кои имаат обврска да ја штитат планината, никаде ги нема.

Фото: Слободен печат

„Државата да размисли и да има посериозен пристап. Само оваа година имавме 8 големи пожари во шумските подрачја. Тие кои управуваат со шумите, тие никогаш не можеш да ги видиш на терен. Тие се обврзани да бидат таму, а само ние сме таму. Ние како единица имаме обучени кадри за справување со катастрофи, како што се земјотреси. Ние бевме во Турција по силниот земјотрес кој ја погоди оваа земја каде и интервениравме, вели Авни Амети Командир на ТППЕ – Тетово.

Тој е задоволен е од хуманоста на граѓаните, кои кога избиваат пожарите се доста солидарни и помагаат, а и сообраќајната култура е подигната на повисоко ниво.

Фото: Слободен печат

„Народот веќе ја сфати сериозноста на нашата работа, па нашите возила кога одат на интервенции, секогаш се пропуштаат на сообраќајниците, додава командирот Амети.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот