Тетовската полиција апелира да не се организираат борби со кучиња

Да не се поттикнуваат и организирааат борби со кучиња апелира тетовската полиција потсетувајќи дека тоа се третира и како кривично дело со предвидна затворска казна. Од таму потенцираат дека се засилени  контролите поради оваа незаконска практика.

– Секторот за внатрешни работи Тетово со апел и укажување до сопствениците на расни кучиња да не иницираат или организираат борби на вакви животни, зашто тоа е спротивно на Законот на прекршоци против јавниот ред и мир и според член 9 од овој закон, тие ќе се соочат со поднесоци и парични глоби кои се движат од 500 до 1000 евра во денарска противвредност. Воедно, во зависност од околностите и крајните последици од користењето на кучињата за борби, истото може да се третира и како кривично дело „мачење животни” (член 233 од Кривичниот законик), за кое се предвидени парични или казни затвор до една година, истакнува Марјан Јосифоски, портпарол на СВР Тетово.

Од СВР Тетово потсетуваат дека што нелегалните борби на кучиња многу често се поврзуваат и со незаконско обложување што е претставува друго кривично дело. 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот