Тетовец се обидел да прегази полицајци

Тетовската полиција бара 41 годишник кој ноќеска побегнал при запирање на неговото возило на автопат, а при тоа според информациите на СВР Тетово се обидел и да ги прегази сообраќајните полицајци. При инцидентот полицајците испукале и предупредувачки куршуми во воздух.

-Околу 23.15 часот полициски службеници на СВР Тетово, вршејќи службени дејствија, на автопатот Тетово-Скопје, во близина на Требошки надвозник, запреле патничко моторно возило „мерцедес” со тетовски регистарски ознаки, управувано од 41-годишниот М.Р. од тетовско Мерово, а во кое се наоѓало уште едно лице. По запирањето, М.Р. го стартувал возилото и се обидел да прегази двајца полициски службеници, оштетил две службени возила на СВР Тетово и се оддалечил од местото, додека од полициските службеници биле испукани неколку предупредувачки куршуми во воздух – информираше Марјан Јосифоски, портпарол на СВР Тетово.

Полицијата сега презема мерки за расчистување и документирање на случајот.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот