Тешко повреден возач кога со возилото излетал од патот кај село Радобор

Полиција СТОП сообраќај сообраќајка
Полиција лента / Фото: Драган Митрески

Едно лице е тешко повредено откако вчера со „лада“ излетал од патот Могила-Будаково кај село Радобор.

„На 11.10.2023 во 06.35 часот во СВР Битола било пријавено дека на патот Могила-Будаково, кај с.Радобор, патничко моторно возило „лада самара“ со битолски регистарски ознаки, управувано од И.А.(42) од с.Будаково, општина Могила, излетало од патот. Во несреќата, возачот И.А. се здобил со тешки телесни повреди констатирани во Клиничка болница Битола“, информираат од МВР.

Увид на местото на несреќата извршила увидна екипа на СВР Битола.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот