Тешка сообраќајка на црната точка на Партизанска

Сообраќајка, Партизанска / Фото: Архива на Слободен печат

На булеварот Партизански одреди во Скопје, во близина на трговскиот центар Антико, вечерва се случи тешка сообраќајна несреќа, во која е тешко повреден еден пешак пренесе 24инфо.

Пешакот бил веднаш пренесен во болницата со возило на брза помош, а полицијата изврши увид на местото на несреќата.

Ова не е првпат во овој дел од булеварот Партизански одреди да се случуваат тешки сообраќајни несреќи. Пешачкиот премин пред трговскиот центар Антико сѐ уште не е регулиран со семафор иако жителите одамна го бараат тоа поради сопствена безбедност.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот