Тензичниот телевизиски дуел перфектно ги отслика престојните избори во Шпанија
Шпанскиот социјалистички премиер Педро Санчез и Алберто Нуњез Фејо, лидерот на конзервативната Народна партија (ПП), синоќа одржаа „хаотична“ телевизиска дебата, пред националните избори на 23 јули.
Препорачано
Противкандидатите расправаа еден со друг за низа теми од економијата, домувањето и пензиите, до животната средина, меѓународните односи и политиките кон жените, редовно прекинувајќи го другиот, мавтајќи со нумерички графикони, превртувајќи ги очите и бесно гестикулирајќи.
Esto sí. Este momento de Pedro Sánchez es brutal.
Feijóo mintiendo sobre el 11M. pic.twitter.com/eyzJnkZflg
— AntonioMaestre (@AntonioMaestre) July 10, 2023
Додека и двајцата кандидати се изјаснија дека се задоволни од исходот, гледачите и аналитичарите рекоа дека плановите на двете партии за владеење биле засенчени од хаотичниот настап. Многумина ги критикуваа двајцата водители на програмата за неуспехот да ги зауздаат.
„Тие се заплеткаа во разликите меѓу нив, што им наштети на двете страни подеднакво“, рече Марија Хозе Канел, професор по политичка комуникација на Универзитетот Комплутенсе во Мадрид, додавајќи дека иако познатиот шоумен Санчез бил погласен од очекуваното, но опозицискиот лидер Фејо се претставил подобро отколку што самиот очекувал.
На нешто помалку од две недели до гласањето, анкетите го предвидуваат Фејо како можен победник, иако веројатно ќе му треба поддршка од екстремно десничарската партија Вокс.
Сепак, некои истражувања покажуваат дека социјалистите (ПСОЕ) го намалуваат јазот нешто повеќе од еден месец откако Санчез ги објави предвремените избори по регионалните избори на кои неговата партија имаше слаби резултати.

EPA-EFE/Enric Fontcuberta
Клучот е во економијата
Кандидатите наведоа различни показатели за инфлација, економскиот раст и вработеноста за да го опишат економското раководство на актуелниот претседател преку пандемијата и војната во Украина како примерни или катастрофални.
Санчез истакна дека Шпанија е меѓу неколкуте европски земји што ја скроти инфлацијата под целта од 2 отсто на Европската централна банка до 2023 година. Доказ, рече тој, дека „одиме во вистинската насока“.
Фејо рече дека тврдењето на Санчез дека економијата се движи „како мотор покажува недостаток на почит кон Шпанците“, наведувајќи дека луѓето се борат да си ги дозволат своите неделни намирници.
И двајцата кандидати налетаа на непријатна територија поради нивните политики поврзани со жените.
Левичарската влада на Санчез беше принудена да се извини во април за дупката во законот за сексуално насилство според кој на најмалку 1.155 затворени престапници им беа намалени или предвремено завршени казните.

Партијата на Фејо потпиша коалициски договори во неколку шпански региони и градови со Вокс, кои вклучуваат преформулирање на родовото насилство како „насилство внатре во семејството“. Самиот Фејо неодамна беше критикуван затоа што изјави дека изборниот кандидат на Вокс, осуден за родово насилство, имал „тежок развод“.
Фејо му рекол на Санчез: „Оние мажи кои силувале на улица се на улица поради тебе – ги има повеќе од 1.000“.
Санчез одговори: „Во Шпанија навистина има проблем со сексуална агресија. Правната грешка се коригира, но твојата изјава дадена свесно не е грешка, тоа е нешто друго“.
Feijóo no es santo de mí devoción, pero el grado de soberbia y mala educación de Sánchez no tiene precedentes.
Soy argentino, he visto políticos de la más baja calaña, Sanchez es el peor que he visto.
Yo no me sentaría a debatir con ese pvt0 psicópata ni 5 minutos. pic.twitter.com/Ydzk1PfiGU— _DON_BS.AS_⭐️⭐️⭐️ (@DonDrPr_4ever) July 10, 2023
Двајцата се судрија и околу незгодните коалициони партнери што можеби ќе треба да ги изберат за да ги обезбедат 176-те пратенички места што ќе им бидат потребни за да владеат по изборите.
Фејо го подвлече дека ПСОЕ се потпира на баскиската сепаратистичка партија ЕХ Билду, поврзана со сега веќе непостоечката терористичка група ЕТА.
„Не можете да ни држите предавања за договори“, му рече тој на Санчез. „Билду е вашиот партнер“.
Санчез одговори цитирајќи коментари дадени од пратениците на Вокс кои беа шовинистички или ги доведуваа во прашање климатските промени и валидноста на вакцините против ковид.
„Направивте бесрамна размена на права за гласови“, критикуваше Санчез, оставајќи го Фејо за момент без зборови.
Хозе Мигел Контрерас, професор по комуникација на Универзитетот „Крал Хуан Карлос“ во Мадрид, рече дека со дебатата што се одржува „во деликатен момент од изборниот процес“, нејзиното влијание би можело да биде „одлучувачко“.
Дебатата доцна во понеделникот се емитуваше истовремено на десничарската „Антена 3“ и „лаСекста“, која е наменета за левичарската публика. И двата канали се во сопственост на „Атресмедиа“.


