Тенисот е циркус, сакаат еден натпревар да трае 40 минути како една серија

twitter/ATP Tour

Челниците на ИТФ веќе втора година по ред на завршниот „Next gen“ турнир на кој играат најдобрите млади тенисери ги тестира правилата кои сака да ги имплементира на сите турнири. Највпечатливо е што сетот се игра до четири добиени гемови.

Многумина од професионалците сметаат дека ова не е добро за тенисот, а прв кој го крена гласот е искусниот Французин Жил Симон.

– Не знам кога и како се случи, но излегува дека тенисот стана предолг за навивачите. Значи мора и ние да се менуваме и да ги следиме трендовите, се да биде пократко и пократко. Наскоро ќе ни бараат еден тениски дуел да трае 40 минути, идентично на една ТВ серија, а нивното објаснување е дека „младите луѓе не можат да седат три часа пред телевизор“.

Додека со публиката е или ќе им попуштиш на нивните каприци или ќе ги едуцираш. Ние одбравме да бидеме циркус. Проблемот е што малкумина веруваат во иднината на тенисот, секој мисли дека не одиме во вистинскиот правец.

Но никој ќе сфаќа дека со постојаните промени тенисот ја губи смислата. Тенисот е спорт кој мора да се потпира на својата долга традиција, но наместо тоа сакаме да бидеме производ за потрошувачкото друштво – вели Симон.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот