Тениските фанови бараат да му биде дозволено на Ѓоковиќ да игра на УС Опен

Новак Ѓоковиќ/ фото: EPA-EFE/ALI HAIDER

Речиси шест илјади луѓе потпишаа петиција со која бараат од американските власти да му дозволат на српскиот тенисер Новак Ѓоковиќ да игра на турнирите во оваа земја.

Навивачите на најдобриот српски тенисер се разочарани, бидејќи Ѓоковиќ нема да може да игра на турнирите во САД поради важечките правила за вакцинација против коронавирус.

Српскиот тенисер пред неколку месеци откри дека не вакциниран против ковид-19 и е подготвен да не настапува на големи турнири доколку условот за учество е токму вакцинација.

„Дозволете му на Ѓоковиќ да настапи на УС Опен оваа година“ е насловот на петицијата која на страницата „Change.org“ досега ја потпишале 5.765 луѓе.

– Во оваа фаза од пандемијата, нема апсолутно никаква причина да му се забрани на Ѓоковиќ да игра на УС Опен. Владата на САД и Тениската федерација на САД (УСТА) мора да соработуваат и да му дозволат да игра. Ако невакцинирани Американци можат да играат, тогаш може и Ѓоковиќ како тениска легенда. Направи нешто, УСТА – стои во образложението на оваа петиција.

Американските медиуми потсетуваат дека секој што сака да дојде во САД мора да има негативен тест за коронавирус, а патниците од странство мора да имаат доказ за вакцинација.

Ѓоковиќ оваа сезона веќе го пропушти Мастерсот во Индијан Велс и Мајами што се одржаа во март токму поради овие причини.

УС Опен треба да се одржи од 29 август до 11 септември, а Ѓоковиќ минатата година играше во финалето каде загуби од Данил Медведев.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот