Тениски брак: Прво раскинаа на Австралија Опен, а сега Украинката кажа ДА
Еден од најомилените тениски парови својата врска ќе ја однесе на највисо ниво. Французинот Гаел Монфис ја запроси својата девојка Елена Свитолина која кажа „ДА“.
Препорачано
-
1
-
2
-
3
Французинот на социјалните мрежи се пофали за ова и напиша „Мадам Монфис“, додека Украинката исто така ја објави убавата вест „Да! За почеток на нашата вечност“.
YES !!! to the beginning of our forever ?? @Gael_Monfils #July2021 (XV) (III) pic.twitter.com/RnHBFl9w2M
— Elina Svitolina (@ElinaSvitolina) April 3, 2021
Интересно е што, за време на Австралија Опен кој се играше пред два месеци, двојката објави дека ја раскинаа свршувачката, но очигледно е дека успеале да ги надминат несогласувањата и da врската да ја кренат на највисоко ниво.
34-годишниот Монфис се наоѓа на 14. место на АТП ранг листата, додека Свитолина е петта светска тенисерка која досега има освоено 15. титули.
View this post on Instagram


