Тенисерите гневни поради откажувањето на Индијан Велс

твитер

Првиот Мастерс турнир годинава е откажан поради коронавирусот, а тенисерите и тенисерките се лути поради начинот на кој дознаа дека тој е откажан, но и поради доцната одлука.

Индијан Велс требаше да започне денеска попладне по европско време, но поради зголемување на бројот на заболени од коронавирус во САД, организаторите го одложија турнирот.


Реакциите на тенисерите беа очекувани, тие се бесни поради доцната одлука да се одложи турнирот.

„Би било добро кога АТП би имал подобра комуникација со играчите во врска со одложување на турнирите, посебно кога сите ние веќе сме на лице место. Да се дознае преку Ватс Ап или преку социјалните мрежи не е бас најреќно“, напиша Диего Шварцман.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот