Македонија - Кипар/Македонски тенис Makedonski tennis

Тенисерите елиминирани, загубија и во двојки од Кипар

Македонската Дејвис куп репрезентација го претрпе и третиот пораз против Кипар, откако загуби и во мечот во двојки, со што домаќинот во Никозија веќе обезбеди недостижна предност од 3-0.

Стефан Мицов и Амар Хусеиновиќ, кои беа поразени и во вчерашните сингл дуели, не успеаја да се реваншираат ниту во заедничкиот настап. Тие загубија од кипарската двојка Менелаос Ефстатиу и Елефтериос Неос со 2-0 во сетови, откако противниците беа подобри со 6-2 и 7-5 во првиот неделен меч.

Иако на програмата остануваат уште два меча, тие ќе имаат само ревијален карактер, бидејќи исходот од дуелот веќе е решен и евентуални победи на македонските тенисери нема да ја променат конечната слика.

 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот