Температурата малку повисока од 37 степени не е секогаш причина за паника

Откако беше објавено дека симптом на ковид-19 е и зголемената телесна температура, многумина почесто ја контролираат состојбата на термометарот. Сепак, експертите предупредуваат дека не треба да паничите ако забележите дека температурата ви е малку повисока од 37 степени.

Иако секоја температура повисока од 37 степени може да биде загрижувачка, работите не се толку едноставни и постојат многу лични, медицински и фактори од околината што влијаат на телесната температура и одредуваат дали таа е покачена кај некого.

Концептот за нормална телесна температура, не повеќе од 37 степени, ја постави во средината на 19 век германскиот лекар Карл Вундерлих, а тој стандард се одржа до денес. Сепак, многу лекари предупредуваат дека нормалната телесна температура е опсег, не само една бројка, и дека многу луѓе имаат температура и повисока и пониска од стандардната, а се чувствуваат сосема нормално и добро.

Нашата телесна температура често опаѓа наутро, а расте со приближувањето на ноќта. Кај луѓето со ковид -19, температурата била повисока и во текот на ноќта.

Како тогаш да се разликува нормалната телесна температура од покачената, која исто така може да укажува на ковид-19?

Температурата предизвикана од ковид-19 ќе остане висока и нема да се намалува и ќе ја почувствувате, додека нормалната температура која варира воопшто не се чувствува, велат инфектолозите. Покрај тоа, треската е придружена и со други симптоми, како што е треперењето.

За да утврдите со сигурност која е вашата нормална телесна температура, треба да ја мерите трипати дневно – наутро, попладне и навечер и да ги запишувате овие резултати неколку недели. На крајот ќе можете да ја одредите просечната температура нормална за вас за одреден период од денот. Кога ќе знаете која е вашата нормална телесна температура, полесно ќе ја процените вашата состојба и дали отстапувањето од тоа е знак да одите на лекар или не, пренесува Си-ен-ен.

Други фактори што можат да влијаат на вашата телесна температура се и некои лекови, кои исто така ја намалуваат температурата. Затоа, прочитајте го упатството што го добивате со лековите, за да знаете како и дали ќе влијае на вашата температура.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот