Телохранителот откри што правел кралот на попот непосредно пред смртта: „Претчувствуваше…“ (ВИДЕО)

Foto: epa.eu/STR

Пред два дена беше одбележана десет-годишнината од смртта на кралот на попот Мајкл Џексон.

Бидејќи аферата “Leaving Neverland” е во екот токму на годишнината од смртта, медиумите малку и го игнорираа Џексон, а најинтересната тема во моментот е „Killing Michael Jackson“ која ги истражува околностите за смртта на кралот на попот. За неговата смрт е осуден докторот Мари, кој му дал недозволена комбинација на лекови.

За животот и смртта на покојниот Џексон проговори и неговиот некогашен телохранител Мет Фидс. Тој тврди дека покојниот Џексон ја претчувствувал својата смрт и неколку денови пред таа да настапи ги повикувал своите пријатели и семејството да го посетат. Фидс вели дека Џексон му се јавил дури и на својот озогласен татко Џо да се видат.

„Претчувствуваше нешто и сакаше да биде опкружен со блиските“, вели Фидс, кој тврди дека покојниот Џексон не бил педофил.

„Беше најинтелигентната личност која сум ја запознал во животот и најголема ѕвезда. Ние ќе се погрижиме за овие невистини, бидејќи колку ѕвездата е поголема, толку таа е и поголема мета“, порача тој.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот