Телефонски разговор на мексиканската претседателка со Трамп по смртта на Ел Менчо
Мексиканската претседателка Клаудија Шајнбаум изјави вчера дека разговарала телефонски со американскиот претседател Доналд Трамп по смртта на моќниот наркобос Немесио Осегера, познат како „Ел Менчо“, во смртоносна воена операција во неделата, пренесува Ројтерс.
Препорачано
Осумминутниот разговор се одржал во понеделникот, изјави мексиканската претседателка на прес-конференција. Повикот следел по турбулентен ден во кој членовите на картелот „Нова генерација Халиско“ палеле продавници, блокирале патишта и се судриле со безбедносните сили како одмазда за смртта на нивниот водач.
Клаудија Шајнбаум го опиша повикот како „краток повик за да се разговара за тоа како одат работите (…) ме праша што се случува во Мексико“. Како што рече, го информирала американскиот претседател „како оди операцијата“, подвлекувајќи дека таа е спроведена благодарение на информациите доставени од Вашингтон .
Во своето обраќање до нацијата завчера во вторникот, Доналд Трамп увери дека американските разузнавачки агенции одиграле одлучувачка улога во идентификувањето на Немесио Осегера од страна на мексиканската армија.
Според мексиканските власти, за време на операцијата биле убиени најмалку 27 припадници на безбедносните сили, 46 наводни бандити и најмалку еден цивил.
Избувнувањето на насилството во различни делови од земјата ги натера американските власти во неделата да издадат директива до своите граѓани што живеат во Мексико, повикувајќи ги да побараат засолниште. Предупредувањето беше укинато вчера.
До неговата смрт, Вашингтон нудеше награда од 15 милиони долари за информации што ќе доведат до апсење на водачот на картелот „Нова генерација Халиско“.
ВИДЕО | Хаос во Мексико по убиството на наркобосот Ел Менчо, Американците во опасност


