Телата на војниците од Азовстал се вратени во Киев

Фото: EPA-EFE/SERGEY VAGANOV

Десетици тела на украински војници кои загинаа бранејќи ја фабриката за челик Азовстал се вратени во Киев, јавува АП.

Посмртните останки сега се идентификуваат преку ДНК тест, изјави командантот на украинската војска Максим Жорин во ексклузивниот извештај на агенцијата.

Со месеци украинските војници беа заробени во опколената фабрика за челик, спречувајќи ги руските сили да преземат контрола над целиот Мариуопол.

Но, во мај бранителите на локацијата конечно се откажаа од огромната фабрика за челик на руските сили.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот