Тажна вест: Почина таткото на Данте Егзум

Фото: КК Партизан

На 60-годишна возраст почина таткото на доскорешниот играч на Партизан, Данте Егзум, Сепсил.

Во саботата наутро Сепсил Егзум беше хоспитализиран, но на крајот не успеа да ја добие најважната битка во својот живот. Сепсил студираше на Универзитетот од Северна Каролина од 1980 до 1984 и беше дел од генрацијата на NCAA која ја освои титулата во 1992 со Мајкл Џордан и Џејмс Ворти.

Во 1984 година тој како 194 пик беше избран од Денвер, но потоа се здоби со тешка повреда на коленото. Две години подоцна се пресели во Австралија каде што играше кошарка на нешто повисоко ниво, но потоа ја заврши кариерата и 27 години беше тренер на млади кошаркари.

Многу често знаеше да даде поддршка од трибините на Партизан каде што неговиот син сезонава имаше одлична сезона. Егзум ќе потсетиме, по сезоната во црно-белиот дрес се пресели во НБА, кај Лука Дончиќ во Далас.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот