Георг Кох/GNK Dinamo Zagreb

Тажна вест од Загреб: На 54 години почина поранешен голман на Динамо Загреб

Поранешниот голман на Динамо од Загреб, Георг Кох, почина на 54-годишна возраст по тешка борба со рак на панкреасот, болест која самиот ја откри во 2024 година. Во едно од своите последни обраќања до јавноста, тој отворено зборуваше за состојбата, свесен дека крајот е неизбежен.

„Ова е моето последно интервју. Знам дека тој ден доаѓа“, изјави Кох тогаш, покажувајќи храброст во најтешките моменти.

Во текот на својата долга кариера, Кох беше активен од 1990 до 2009 година. Настапи на 213 натпревари во германската Бундеслига и одигра 165 средби во втората лига.

Во Динамо пристигна во 2007 година како слободен играч. За загрепскиот клуб бранеше на 39 натпревари и даде придонес во освојувањето на шампионската титула и националниот куп.

 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот