Таткото на убиениот војник од Кабул го посети Бајден: Никогаш да не го заборавиш името на син ми

Американскиот претседател Џо Бајден и загинатиот американски маринец Џеред Шмиц/ Фото ЕПА/ U.S. Marines via AP

Таткото на американскиот каплар, кој загина во терористичкиот напад во Кабул, имаше напната средба со претседателот Џо Бајден, откако тој се согласи да се сретне со него во воздухопловната база Довер по смртта на неговиот син, пренесува Вашингтон Егзаминер.

Марк Шмиц првично не сакаше да се сретне со Бајден, но подоцна тој се премисли, откако сфати дека му должи на својот син, Џеред, да му каже на претседателот што има на ум.

„Само го гледав директно во лице, тоа беше како натпревар во зјапање, како да чекавме да видиме кој прв ќе трепне.“ вели Шмиц.

„Од претходно немав многу добри мисли за човекот, само мирно стоев и го гледав“, рече тој за Ен-Пи-Ар.

Мајката на Џаред Шмиц му покажа на Бајден слика од нивниот син, а Марк Шмиц рече дека Бајден едноставно се загледал во неа „и нешто промрморе“.

„Не можев да сфатам што рече. Додека ја гледав сликата на мојот син, јас само отворено му реков, „Тоа е Џаред, тоа е Џаред Шмиц. Никогаш не го заборавајте тоа име и името на другите 12 жртви. Треба да поминете извесно време да ги научите нивните приказни, ” кои беа тие луѓе“ вели Шмиц.

Според него, Бајден остро им се обратил на родителите на загинатиот маринец, велејќи: „Ги знам нивните приказни“.

„Мојата прва мисла беше: тоа е буквално невозможно, зошто да се расправате со мене?“, вели Шмиц.

Бајден потоа му ја покажал картичката што ја чува во својот џеб, со бројот „+13“, за која Шмиц вели дека ја носел со себе секој ден, за да го потсетува на припадниците на армијата убиени во Кабул, рече тој.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот