Таткото на Боки-13 избркан од судница

Поради непристојно однесување, дофрлување на недолични зборови и непочитување на претходните опомени, судијката во случајот “Рекет 2”, Софче Гаврилова-Ефремова, го избрка од судница обвинетиот во овој случај Миле Јовановски, татко на првообвинетиот Бојан Јовановски.

Судијката нагласи дека Миле Јовановски нема да присуствува на денешно рочиште. На денешното рочиште претставникот на Јавното обвинителство се презентира смс комуникација помеѓу Бојан Јовановски и Адријан Азмоски. Токму од таа комуникација може да се дознае дека Азмоски од Бојан Јовановски инсистира да му бидат вратени парите кои тој му ги дал за проект кој не бил реализиран.

Во случајот Меѓународен сојуз се обвинети Бојан Јовановски за измама и перење пари, а за истото дело се обвинети уште и Јасна Ерцеговиќ и Кристина Блажевска, поранешната пратеничка Фросина Ташевска Ременски за измама, додека таткото на Бојан, Миле Јовановски е обвинет за перење пари и неовластено држење и трговија со оружје.

Судскиот процес го води судечки совет составен од двајца поротници и судијката Софче Гаврилова-Ефремова која беше втора судијка и во случајот „Рекет“.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот