Татко на исчезнато дете бара помош од јавноста и МВР

Исчезнатото момче е родено на 24.10.2009 година. 

Кумановецот Африм Асани денеска побара помош од граѓаните доколку го видат неговиот 11- годишен син, Џингиз Асани да пријават во полиција или да се јават на неговиот телефонски број 075/ 844- 348.

-Детето носи црвена јакна, изјави родителот Асани од кумановски „Средорек” кој побара помош од граѓаните доколку го видат детето да пријават во полиција или да го контактираат семејството.

Исчезнатото момче е родено на 24.10.2009 година.

„На 27 јануари 2020 во 19.50 часот во Полициската станица Куманово, А.А.(40) од Куманово пријавил дека неговиот 10-годишен син пред четири дена околу 15 часот излегол од дома и до моментот на пријавување не се вратил. Се преземаат мерки за пронаоѓање на лицето“, информираат од МВР.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот