Татко и син од Скопје на ТикТок објавиле лажни закани за терористички напад во трговски центар

Profimedia
Фото: Profimedia

Три лица биле приведени поради објава на два видеоклипа на социјалната мрежа ТикТок во кои има лажни закани за можен терористички напад на еден трговски центар во Скопје, соопшти Министерството за внатрешни работи.

Откако биле објавени видеата, во акцијата се вклучиле повеќе сектори во МВР, како тој за борба против тероризам и секторот за компјутерски криминал и дигитална форензика, но и Агенцијата за национална безбедност (АНБ).

Трите лица, од кои двајца се татко и син, биле лоцирани, а од јавен обвинител е добиена насока да се направи претрес во нивните домови. Едно од лицата е 26-годишно момче од селото Студеничани, додека таткото и 22-годишниот син се од Скопје.

Според соопштението на МВР, во домот на таткото и синот биле пронајдени уредите преку кои тие ги објавиле лажните видеа на „Тик ток“, а синот во разговор со полицијата признал дека тој ги изработил и објавил видеата.

Од МВР најавуваат дека ќе поднесат и кривични пријави против тројцата приведени.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот